Thursday, December 20, 2012

Меѓународен ликовен конкурс за млади

    Деновиве е распишан Меѓународниот ликовен конкурс за 41. Интернационална детска изложба на уметност Лидс 2013, на тема „Традицијата и наследството на луѓето во мојата земја“. Право на учество имаат сите млади од 4 -16 год. по ктегории, а рокот на доставување на ликовните творби е до 15. март 2013 г. За подетални информации на www.mdvv-lidice.cz

Wednesday, December 19, 2012

Изложба од колонијата „Славјански-2012“

  Во изложбениот салон на Приватната високообразовна установа -
 Меѓународен славјански институт „Г.Державин„ во Свети Николе, денеска, во чест на големиот христијнски празник свети Никола, кој воедно веке 127 години е патрон на градот Свети Николе, беше свечено отворена ликовна изложба на слики од годинешнава сликарска колонија „Славјански-2012“ на која учествуваа сликари од Р.Македонија, Србија и Бугарија.