Thursday, January 27, 2011

Ликовниот натпревар како вреднување и стимуланс

Во природата на поединецот - творец, критериумот за натпреварување е како главен елемент за споредување на своите достигнувања и показател на позитивното и негативното при адекватното вреднување на творечкиот и професионалниот напор. Тоа, воедно претставува потврда и стимул за натамошната работа. Рангирањето низ натпревар има значење и во рамките на односите што се проткајуваат во ликовната култура во земјата и вон неа.
Евидентно, стимулативни се наградите кај оние ликовни натпревари, кај кои се обезбедени сите предуслови, стручност , компетентност и сл.Кај нас има многу ликовни натпревари особено за деца и младинци кои ги организираат разни НВО само да одбележат своја активност по некој повод а ни од далеку се стручни или компетентни за тоа. На прсти може да се набројат ликовни натпревари и манифестации каде пропозициите се главниот елемент кој води кон објективност и добар квалитет,
Ова упатува на заклучокот дека натпреварувањето покрај стимулативното и убавото делува и негативно и дестимулативно како за натпреварувачите така и за нивните ментори.

Tuesday, January 25, 2011

Меѓународен ликовен натпревар

Детскиот креативен центар за уметност и галерија во Торун, во соработка со Министерството за култура и национално наследство на Полска го распишаа конкурсот за учество на 16.Меѓународен ликовен натпревар за деца и младинци „Секогаш зелено,секогаш сино“-Торун 2011.
Главна цел на натпреварот е да ги заинтересира учесниците за околината и природата, креативноста и уметничката имагинација. Право на учество имаат деца и младинци од 5 до 18 г.
Делата ке бидат оценувани во пет групи и тоа: 5-7, 8-10, 11-13,14-16 и 17-18 г.
Краен рок за пријавување на ликовните творби е 30.4.2011., на адреса Galeria i osrodek plastycznej tworczosci dziecka Rynek nowomiejski 17, 87100 Torun Poland

Monday, January 24, 2011

Впечатоци за подршката на ликовните настани

Годишната програма за култура на Министерството за култура на РМ, за 2011година, меѓу другото ја дава својата подршка и во секторот ликовна и галериска дејност. Меѓутоа, се чини веднаш паѓа вочи редуцираноста , парцијалниот и површен стратегиски интерес за ликовната дејност и настаните од оваа област со можни дополнителни интервенции за поедини ликовни настани./„Мал Битолски Монмартр“, како и некои изложби, колонии и Друштва на ликовни уметници и вообичаено учеството на Венециското биенале,/Исклучок можеби се културните институции и уметниците во метрополата, додека останатите во Републикава како да се оставени сами на себе, на својата локална самодоволност, на своите спонзори, помагатели и пријатели на ликовната уметност.

Нашата уметничка средина

...„Знаеме колку може да биде добро и мотивирачко чувството кога ке промениш средина и кога ке видиш нешто инспиративно, Колку што гледам и знам, македонските куратори и уметници се ретко или никако присутни на значајни светски настани, конференции,форуми,списанија исл.дури и во регионот, а истото тоа може да се каже и за присутноста на релевантната странска уметност во нашиве простори. Без тој елемент на жив и пропулзивен флукс на идеи не може да очекуваме нешто повеќе и поинтересно, и тоа ќе не держи постојано во таа зачмаеност во која ќе царува провинциската самодоволност. ...Се разбира во популарната култура има многу шкарт,многу голем отпад за еднократна употреба , ама такво нешто постои и во т,н.висока култура. она од што треба да се заштитиме е опасниот и погубен тренд на продор на популизмот во уметноста, се потесното поврзување на политиката и популистичката „идеологија“ со уметноста..

Зоран Петровски, / во интервју за „ТЕА модерна„