Tuesday, February 18, 2014

Меѓународен ликовен конкурс

Секретаријатот за култура при Управата на градот Белград и Детскиот културен центар го распишаа 16. Меѓународен ликовен конкурс Радости Европе. Конкурсот е отворен до 1.јули 2014. Право на учество имаат деца од 6-18 г.,школи,секции, културни центри.Темата и техниките се по слободен избор. Творбите се испраќаат на адреса:Дечји културни центар, Београд, Таковска-8,11000 Беогад/ За поблиски информации во Центарот.

Likoven konkurs

Likovniot konkurs na tema Folklorot kako trajna inspiracija vo moeto tvorestvo e otvoren do 1.mart 2014.Golemata drzavna likovna izlozba ke bide vo april vo Centarot za kultura vo Bitola, koj e i organizator na istata. Tvorbite se ispakaat na adresa na organizatorot.

Wednesday, February 5, 2014

Monday, February 3, 2014

Како за машата така и за женската, овчполска народна носија, преовладуваат следните карактеристики: доминираат црвената/алова и ѓувезлија/,белата,кафената и црната боја, а се употребени во помала мера, за орнаментирање,особено на чорапи, зуници и сл.зелената,жотата и сината боја. Женската носија се состои од елек,кој е без ракави и од половината се шири во глог-форма,бела долга кошула, која понекаде е прошарана со вдолжени еднобојни кенари од свила, или со разнобоен вајкар.Материјата за елек се вика алаџа Се ткае лито во две нити од волна.Алаџата се прави на основа која обично е во четири бои /зелена, ѓувезија,алова и црна/, а се ткае на разбој со црн и алов јаток.Основата за алаџа се снове најмногу до 75 брдници.Платното за кошула се изработува од памук-бубаќ, на следниот начин:Најпрвин бубаќот се вие на вител, за да се отстранат семките,а потоа се развлачува на лак и тетива и тенко се преде на вретено.Преденото се смотува на калеми-клопци и се снове според брдото, обично во 10 или 12 брдници/1 брдница има 10 чешленки/,потоа се навива на кросно и се „удева„во две нити.Уште при сновењето, за да биде кошулата шарена, се ставаат разнобојни вајкари или свила, а некогаш се вткајувал и клободан/сребрена срма/.Откако платното е исткано од 3-4 дипли, се крои и шие кошулата.По рабовите на ракавите и долниот дел со обична игла се прави сорка-еднобојна или повеќебојна, до најмногу во девет ката. Пешкирот се изработува од волнена преѓа.Основата се снове во пет брдници и се удева во две нити.Ги има повеќе варијанти кои се разликуваат по шарката. Тој е потемен од елекот и составен е од две дипли и две крајки.Крајките на пешкирот се ткајат од волнено предено од кадела на фурка. Ги има четворни, лити и везени, набиени со „дрво-нож“ Мантата е свилена, а често се изработувала од бело платно ткаено лито, кое потоа се вези. Кавракот или шамијата е од црн сатен.На ивиците е украсена со сорка од разнобоен свилен конец и нанижана со спринки и ситна манистра.Белата шамија обично се носи во секојдневјето, а црната за празник. Женските чорапи се разликуваат од машките по тоа што немаат многу шарки,најмногу до три бои, а се носеле и еднобојни зелени или ѓувеѕлии. Женските опинци се разликуваат од машките по тоа што се плетени и се закопчуваат на ременче.Лете се носеле свински опинци,бидејки кожата е полесна и помека, додека зиме се носеле воловски. Зуницата/женски појас/,се ткае исто како крајките за пешкир, четворно, од волна предена тенко на фурка,па оддве сврткана.Таа е тесна.Каделката за зуница се вапца пред да се преде на вретено. Елеците ги изработувале селски „терзии“.Тие се пребрани и полнети со волна.За украс по долната ивица одпозади се става фриз од еден до три разнобојни ширити, во цик-цак форма по кои се нижат спринки и монистра.Ова исто се прави и по ивицата на елекот околу мантата.Истотака по рабовите често се става црна оптока, тенко предена како зуницата.Црвените елеци ги носеле моми и невести,додека потемните ѓувезлии,повозрасните жени. Од накитот како пропратен атрибут на женската овчеполска носија, се користел ќостекот-направен од разнобојна ситна монистра, обетки и ѓердан направени од златници и белезика.

За Овчеполската народна носија

Овчеполската народна носија е еден вид народно творештво од областа на применетата уметност-текстил, карактеристично за самиот предел.Наизглед едноставна и со ограничени колоритни особини, сепак таа се разликува во одделни овчеполски реони и села-по начинот на изработката и орнаментиката. Можеби посоодветно место за овој пост би бил некој етнолошки блог но сметам дека има резон да биде и тука.Податоците ги собрав во 1970 г.за потребите на музејската збирка, тогаш во зачеток, од Това Радојкова од с.Амзабегово и Гуна и Драги Атанасови од с.Кнежје. Машка овчеполска носија Машката носија се состои од капа-качкета или шубара, која се прави од штавена јагнешка кожа со црна волна,елече изработено од алаџа.Тоа е поставено и пребрано и по ивиците има црна оптока.На предната страна има едно или две џепчиња.Се закопчува со копци, најчесто на лева страна.Долгиот појас се изаботува со четворно ткаење на разбој, најмногу до 7 пасамца.На крајот појасот има реси кои се прават од основата.Тој се изработува од волна одедно предена на кадела. Кошулата/риза/,тоската и гаќите се изаботуваат од „бубаќно платно“, ткаено во две нити. Тие обично имаат еднобоен кенар,вткаен од жолта свила. Тоската се прави од 12-16 парчиња платно.Се крои накосо, а како украс има и еднобојна сорка.Овој украс се става и по рабовите на ракавите и околувратникот на кошулата.Гаќите се широки, со учкур и долги до потколеници. Крпа се носи преклопена на појасот од десна страна.Чорапите се од волна.Се плетат на рака.Најчесто се „колајлии“ во 4 реда, орнаментирани со најмногу 6 бои.Опинците се изработени од свинска или воловска кожа.Тие имаат опута/тенко режена кожа по ивицата на опинокот/, низ која се спротина волнена врпца, со која се врзува опинокот околу ногата, над глуждот.Врпците се изработуваат од остра волна на кадела,вртена на вкрстени дрвца, т.н.вретено за врпци.Пластата од волната се преде на лево, испреденото се става удве и се увртува на десно.