Monday, March 12, 2012

Меѓународен ликовен конкурс

Младинскиот дом на културата од Ченстохова Република Полска, го организира 14. Меѓународен ликовен конкурс за деца и младинци на тема „Дете и куче“. Рокот на доставување на творбите е 15.јуни 2012.Повеќе за конкурсот на www.mdk.czest.pl

Детски ликовен конкурс

По повод 20 години од постоењето Првата детска амбасада во светот-Меѓаши, меѓу другите активности за одбележување на јубилејот, распиша ликовен конкурс за детски уметнички творби на тема Детските права, Мирот и јас и Детската радост и детската тага. Творбите на адреса на амбасадата треба да се испратат до 15.март.о.г.,а изложбата од селектираните творби ќе се одржи на 28.4.2012. Поблоски информации на тел.071/399-079.