Monday, February 20, 2012

Слободните ликовни активности

Слободните ликовни активности овозможуваат учениците да ги дополнуваат своите знаења и умеења за ликовната уметност, да ги остваруваат своите желби, идеи, интереси и способности. Заради тоа тие имаат можност да ги користат дополните форми за едукација, покрај редовните и проектните активности. Меѓутоа, при изборот се јавуваат и нереални амбиции, претерани побарувања, како од учениците и родителите, така и од менторите,училиштето и општествената средина.Да се учествува во повеке групи,да се немаат потребните услови, да се учествува на повеке конкурси и натпревари од локален до меѓународен карактер, без да се води сметка за преддиспозиционите можности, евентуалниот неуспех се доживува драматично.
За надминување на ваквите појави, потребно е на почетокот на учебната година да се создадат услови за планска и организирана активност, да се тестираат заинтересираните особено од предметна настава, бидејки учениците од таа возраст најповеќе се определуваат за некоја група или секција. Што се однесува до родителите, неопходно е воспитно делување да се задоволат со тоа секој ученик, во рамките на своите временски и други можности да работи, така што неговата работа да дојде до израз, без присила, притисок за истакнување и слично, туку да ги развие своите ликовни склоности и способности.
Учениците треба да се стимулираат за постигнување добри резултати. Добро организирана и плански водена активност во училиштето, почести контакти со родителите, навременото откривање на талентот и неговото негување и насочување сигурно ќе вроди со плод и ке ги даде очекуваните резултати. Но, за такви резултати МОН и ЕЛС треба да партиципираат средства за стимулирање на талентираноста и способноста во областа на ликовната уметност, кај учениците од основните и средните училишѓта. Да изградат конкретни критериуми за рамномерен развој на едукативната работа во овие активности.