Saturday, May 10, 2014

Меморијална изложба на Александар Смилков

Во НУЦК„Ацо Шопов“-Штип,е отворена изложба на цртежи и скулптури на прерано починатиот штипски уметник и ликовен педагог Александар Смилков.Изложбата ја отвори Благој Самоников, а рецензијата во каталогот ја напиша Горанчо Ѓоргиевски, кој меѓу другото истакнува:„Најчестите материјали кои ги употребува во делата се мермерот и гипсот, а евидентно е присуството на неколку фази и преокупации во текот на неговото творештво... може да се поделат во спомен-бисти,апстрактна споменична скулптура,ситна пастика и строго геометризирана пластика...Прераната смрт го запре креативниот подем на овој автор којшто навестуваше сериозни истражувања во областа на скулптурата...„

Wednesday, May 7, 2014

Меѓународен ликовен конкурс

За учениците од основните и средните училишта распишан е Меѓународен ликовен конкурс на тема „Египет низ детските очи“.Творбите се во слободна техника на формат не помал од 30x40 см. и не повеќе од две по учесник.Конкурсот е отворен до 31.5.2014. За поблиски и подетални информации на info@enccc.org.