Tuesday, January 23, 2007

фото-документарна изложба„Штип,вчера и денес„

Во Националната установа библиотека „Гоце Делчев„-Штип е отворена фото-документарна
изложба насловена како „Штип,вчера и денес„ на која се поместени повеке фотографии кои
можат споредбено да ги компарираат историските,архитектурни и културни обележја на
Штип во изминатите две столетија. Организатор на изложбата се Локалната самоуправа,
Фото-студио „Трајче„ и библиотеката „Гоце Делчев„, која годинава одбележува 60 години
перманентна едукативна и културна мисија. Деновиве изложбата ја посетија учениците од
предметна настава на основното училиште „Гоце Делчев„ и се запознаа со културно-историскиот развој на градот.

КРЕАТИВНО-ТВОРЕЧКИ ДУХ

Во изработката на секоја ликовна творба сврзано е посебно задоволство, кое одговара на длабоките внатрешни струења во душата на поединецот. Убавината на мајсторството се
стопува со лирска опојност и како обликот, оцртувајки се од час во час се појасно, го граб-
нува духот од ништожноста,така расте и опојноста. Скулпторот, моделирајки со палецот
возбудено ја чувствува глината, а сликарот со префинето чувство ги меша чистите тонови
постигнувајки невидливи нијанси кои ги откриваат творечките страсти..Поемата за материјата што е предмет на творечкиот порив ги открива најсуптилните спознајни меха-
низми на имагинацијата и духот, ги транспонира и развива во уметничко дело, кое во сите
свои димензии е конкретно одредено и материјализирано.Симболите во сликарството им служат на нашите сетила за да се допри духот на творецот, бидејки симболот е само ше-
матизиран одраз на чувствата преку кои ги доживуваме, имагинацијата, радоста,патети-
ката или естетската порака за ставот и односот на творецот кон соодветен миг на матери-
јалниот или духовниот живот.Креативно-творечкиот дух има пријатен близок спој на
складност на сите ликовни елементи, бидејки во него е остварена хармоничноста на тие
елементи, во срцето на творецот и неговиот индивидуален ликовен израз /со помош на
безброј комбинации - контраст, комплементарност,светло-сенка, валери,отсјаи,премини/
кој е кадарен да ја одрази сложеноста на човековата душа, вечната или моментална
компонента, што ни ја открива творечкиот дух.
Петре Колев.лик.педагог,сликар

Tuesday, January 16, 2007

ИНТЕНЦИОНАЛНОТО НАБЛУДУВАЊЕ ВО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ

Под поимот интенционално набљудување се подразбира барање предметот на нашето
интересирање да се исцрпи од сите свои гледни точки, така што да се добие целосна
претстава,истовременост и севкупност, кои се суштината на човековото уживање и задоволство.
Овде повеке ке се задржиме на набљудувањето како еден сегмент на творењето. Ако
мокта на интенционалното набљудување се вклопува со потсвесните намери и ако тоа
се опредмети, ке резултира со задоволство. единството на набљудувањето и имагинацијата што се случуваат на визуелен план доведуваат до идентификација, како мисловна форма.
Интенционалното набљудување оди со свесноста на целосно и истовремено доживување од аспект на ликовно-естетско чувствување на просторот и волуменот,фигурата и позадината,сеопфатноста на предметот во сите можни аспекти, планови и ракурси, нивно
совпагање со подсвесниот облик,негово приближување и осознавање, анализирање и
синтетизирање. Тоа значи поврзување на деловите во компонирана целина. Структурата
на таа целина дава уметничко дело. Дело кое не е структурирано не е и уметничко дело.
Интенционалното набљудување од ликовен аспект е намерно гледање со настојување
обликот на предметот свесно да се осознае во своите битни карактеристики, просторниот
облик во својата тридимензионалност, плошниот облик во својата дводимензионалност,
плохалност,линеарност,колоритност и сл.
Интенционалното набљудување како метода за опсервација има неколку фази: прво,
вниманието се фокусира на поедини аспекти на опсервираниот предмет, слика,претстава
кои поединечно се осознаваат. Другата фаза е акумулирање на што повеке податоци во
еден континуиран временски интервал, при што се иацрпува формата до максимум.
Целосно осознаениот облик се совпага со безвременоста на потсвесната ликовна форма.
Тоа се постигнува со негување и перцептивно учење на структурираната материја, бидејки
човек кој гледа, а не види,т.е.визуелно не забележува, не може слободно да избира. Предметот или формата не постојат во својата ликовност, туку се дел, отсечок од околината
и светот, надразба на која човекот реагира свесно или рефлексно.
Секој поединечен предмет од природата, најпрво се гледа во целина, потоа во детаљи.
Формата на предметот и неговата светло-сенка треба да се видат и претстават како целина
Ликовната работа со ученици по методата на интенционално набљудување е пожелна во
погорните одделенија каде се работи по модел.
Слободата на ликовниот израз низ цртеж,слика.графика или скулптура е императив за
творечкиот порив и постојана желба за експериментирање и истражување. Истражувањето
во ликовната уметност преку интенционалчното набљудување и откривање на ликовноста
има за цел да го дофати безвременското траење врѕ онтолошки принцип. Основните елементи на безвременската димензија ја сочинуваат сложеноста на творечката личност,
неговата интроспекција и селективноста на битното и небитното. Интенционалното
набљудување е еден вид критичко размислување, кое компаративно ги следи и анализира
ликовно-естетските вредности и тоаёёё. степенот на пластичноста во сооднос мегу волуменот и површината, волуменот и просторот, светлото и сенката, контурата и волуменот, структурата/градбата/ и континуитетот на плохата, потоа просторната
форма како исполнето или шупливо,празно, или како раздалеченост; линијата како
немирна или мирна површина,еднаква,нееднаква и слична;внатре-надвор;напред-назад
итн. Овие елементи се чинители на визуелна логика со која воочениот лик,претстава,
реалност идр.се препознаваат ,прифакаат,користат,означуваат и создаваат.
Интенционалното набљудување е креативна константа, бидејки истовремено претставува
духовна насоченост на сетилата кон нешто, кон кое намерно се стремиме целосно да го
доживееме ин свесно осознаеме, а се со цел што поуспешно да го транспонираме во уметничка вистина. Таа вистина е суштинскиот момент во самиот претставен предмет,
форма,композиција и слично.
Овој есеј би го завршил со еден цитат: „Погледот на сликарот го открива пределот,
ако не во цртежот или во сликата, тогаш секако во гледањето„
Петре Колев, ликовен педагог во
О.У.„Гоце Делчев„-Штип

Monday, January 15, 2007

ПРВА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ИВАН ТРАЈКОВ

Иван Трајков е сликар-аматгер, кој својот работен век го поминал во Министерството
за одбрана - Штип и по своето пензионирање целосно се посветил на убавиот пишан збор
и мекиот лирски колорит во сопствениот ликовен израз.
Иако ликовниот аматеризам кај нас е под влијание на современата званична ликовна уметност и неговите граници се дефинирани мегу народната уметност и наивното сли-
карство, сепак постојат извесни исклучоци на особито даровити уметници - самоуки слика-
ри, аматери, кои се вклопуваат во ликовниот живот и би можеле да се „внесат„во општиот
развој на уметноста. Да се надеваме дека тој пат ке го следи и Иван Трајков, надградувајки
го својот ликовен израз.
Изложбата е отворена во уметничката галерија „Безистен„-Штип и повелете посетете ја.

ЛИКОВНИ ИЗЛОЖБИ

Во општинската установа -Дом на културата „Крсте Мисирков„ во Свети Николе е отворена самостојна изложба на ликовниот уметник од Куманово, Милорад Трајчевски-Мики, а пред него беа претставени делата на младите ликовни творци од 25 јубилејна
детска ликовна колонија Мал битолски Монмартр. На изложбата беа застапени 45 слики од
повеке автори.

Националната установа -Центар за култура „Трајко Прокопиев„-Куманово, од 18.1.2007.
е домакин на ликовната колонија „Гуриште-2006„. Изложбата има патувачки карактер и
ова е петта дестинација од источна Македонија.

Wednesday, January 10, 2007

МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ И ДЕТСКОТО ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО

Корените на модерната уметност започнуваат од половината на 19 в./Гоген,Матис,Сезан,Сера и др./.Од тогаш репродукцијата и сликањето на природните форми,бои и содржини престанале да бидат нејзина цел, туку станале експресија на вна-
трешниот живот на човекот и неговиот сензибилитет. Во таа смисла и современите уметници се служат со содржини и ликовен јазик како средство за пренесување на умет-
никовото душевно расположение, неговиот став кон се она што го опкружува, неговото
доживување на радост, болка,страв или раѕочарување,оптимизам или песимизам. Значи
во модерната уметност,уметниците го пренесуваат центарот на своето творење од надво-
решниот на внатрешниот свет - од сликовно претставување на формите во експресија.
Уметничкото дело не е веке отслик на природата, туку карактеристична композиција
која црпи елементи од речникот на ликовниот јазик и не настојува да репродуцира,туку да реформира или деформира и да репрезентира еден специфичен визуелен код. Таа не настојува да достигне совршенство, туку да означи одреден став кон нешто, да упати
естетска порака. Специфичниот феномен на модерната уметност не се базира на интелектот и разумот, туку е во емоционалната медитација, во сензибилитетот и спонтано-
ста, а тоа е клучното нешто каде треба да се делува за да се надминат потешкотиите во
сфакањето на современата уметност. „Што претставува оваа слика?„е прашање кое веке
ја надминува својата конвенционална конотација, барајки го одговорот на реалната повр-
шина на сликата. Во сликарството, бојата е корпусот на сликата,евокативен знак, понеко-
гаш независен, понекогаш додаток на цртежот, кодирана шифра со друга димензија.
Во вајарството - скулптурата има максимален духовен израз со субјективен став. Графич-
ките ликовни творби се дела на современи ликовни решенија и медии со универзален ја-
зик,структура на ликовни елементи и принципи. Овие дела од гледачот бараат тој да
„влезе„во нив и да ја открие уметниковата визија,простор,движење,боја и тонови „полни со
живот„.Со тоа гледачот ја открива уметничката интуиција,страста,душевноста,индивиду-
алноста и оригиналноста на фабулата. Тука не е одлучувачка метафората туку емоционал-
ното возбудување кое ја предизвикува привлечноста или одбојноста-судар на спротивста-
вени доживувања. Од ова се наметнува прашањето дали детето воопшто е способно за
естетска перцепција и комуникација со современото уметничко дело, а ако е, тогаш од
која возраст и кој вид уметност е погодна за него.
Херберт Рид смета дека детските цртежи и слики имаат „специфични естетски квалитети
кои би можеле да се карактеризираат како особен тип на „примитивна визија„својствена на
децата, но ретко зачувана до возраста. Во таа смисла детското ликовно творештво, повеке или помалку е несвесен израз на сопственото „јас„, чие потекло во уметничкото творење
на возрасните се припишува на поетската инвенција. Сигурно, сите детски цртежи не се
резултат на наивната детска визија, голем дел од нив е „паметен„и„учен„.
Францускиот автор Ј.Бутони пишува:„Детето во своите цртежи го слика она што е предмет на неговите желби или страв,т.е.тоа станува автор,творец на тој предмет со помош на формите кои ги владее. Цртежот, според тоа е израѕ на детската креативност каде тоа
не ја претставува природата туку својата импресија за неа, реакција која му дозволува да ѕагосподари со нова ситуација„.Тоа зборува дека специфичностља на овој феномен не се наога во рационализмот или дедуктивното размислување, туку во емоционалната реакција
интуиција.Проучувањето9 на творечкиот процес во современата ликовна уметност е корисен за подучување на заинтерењсираните мали уметници. Особено е важно емоционал-
ното и визуелното забележување што може да одигра важна улога во создавање на творечка индивидуалност. Скренувањето внимание на архаичното,спонтаното,неумешното
и кристално чисто од аспект на детската психологија и современото поимање на уметноста
стана воочливо и признато како вистинска креативна вредност кај ликовното творештво
на децата. Од детските потези се создава слика-симбол на детските сознанија. Децата настојуваат своите сознанија и доживувања да ги транспонираат и ликовно да ги обликуваат. Интензитетот и ликовната имагинација со ликовно воспитание образование и
практична активност се насочува кон рационално сфакање и апстрактно размислување.
Детското ликовно творење е преодно дело, бидејки детската ликовна уметност исчезнува
со развојот на детето, а многу мал дел од нив, како возрасни, се вклопуваат во општиот развој на званичната ликовна уметност.