Thursday, November 20, 2014

Карикатури на Јозеф Блеха














   По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Р.Македонија и Р.Чешка, во изложбениот салон на Центарот за култура во Штип е отворена изложба на карикатури-портрети на познати личности од политичкиот,филмскиот,музичкиот и научниот свет, на чешкиот уметник Јозеф Блеха/1952/.
   ...Неговата уметност истражува нови уметнички димензии, како и специфичен уметнички облик во комбинирана техника на колаж и елегантна линија  на цртеж со која ја трансформира
сличноста на субјектот...

Sunday, November 16, 2014

Во рамките на Десетото издание на Поетскиот карван „Почувствувај ја Македонија“ што денес се одржа во манастирот св.Горги во Неготино, со свои ликовни творби се претставија членови на Друштвото на ликовни уметници од Неготино, ликовниот уметник Петре Колев,кој е подржувач и пријател на поетскиот карван, како и хуманистот Живко Поповски Цветин, кој подари 4о цветни слики.

Sunday, November 9, 2014

47. Годишна изложба на ДЛУШ

Од 7 до 20.11.2014 г. во Уметничката галерија „Безистен“ отворена е Традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници на Штип.На изложбата со свои дела учествуваат; Никола Бојаџиев,Мирко Дончевски,Марјан Карашов,Петре Колев,Тодор Максимов,Боре Минов,Сања Ангеловска-Митева,Никола Панев,Мите Павловски,Стојмир Веселинов,Билјана Веселинова и Иван Сулев.

Saturday, November 8, 2014