Monday, November 26, 2012

Изложба и ликовен карван

Во рамките на проектот интегрирано образование, денеска во ООУ „Гоце Делчев“-Штип, се отвори изложба на ученички творби со наслов „Јас и ти сме исти“што е дел од ликовниот проект за мултиетничко образование кој е оидржан од МОН и Амбасадата на кралството Норвешка. Активноста е наменета за ученици од 3-8 одд. на основните училишта во Македонија, со цел за подобро меѓуетничко запознавање на различните култури.






Monday, November 12, 2012

Неизграден однос кон ликовната уметност

Иако Друштвото на ликовните уметници во Штип постои 45 години, третманот на ова здружение и на неговите членови не е на она ниво кое го заслужува, можеби дел од вината сносат и самите членови но најповеќе културните и општествените институции.Како и минатата така и годинава уметниците се пожалија дека се оставени сами на себе, кога треба да се организира Традиционалната годишна изложба, на која годинава освен претставникот на ЛС, кој ја отвори изложбата другите претставници на јавниот, културниот и политичкиот живот во градот ги немаше. Министерството за култура порано го финансираше каталогот за изложбата на ДЛУШ, но веќе неколку години не доделува средства ни за тоа, правдајќи се дека финансира проекти, а замижува на нетранспарентното финансирање на некои излоорниотжби, во институциите преку кои конкурираат уметниците. За реализација на Годишната изложба,ДЛУШ е приморано со барање да се обрати до Комисијата за култура при ЛС, а за други активности нема свои средства.Институциите во градот не покажуваат поголем општествен интерес и ангажман околу активностите и потребите на ДЛУШ. Според некои уметници сето тоа се должи на неодговорниот и несериозен пристап и однос кон современото ликовно творештво особено од сопствена домашна продукција. Несериозноста кон презентацијата на нечие творештво оди дотаму  што освен на свеченото отворање со малкумина заинтересирани, галеријата во работниот термин, за времетраење на изложбата, најчесто е затворена, поради немање стручно лице-кустос.
   Клучните установи што треба да ја третираат домашната ликовна уметност, како да се замрени. Односот, полн со респект, кон штипските ликовни творци заслужува поголема почит, грижливост и подршка, не само декларативно туку и практично.
   Штип, кој беше првиот град на културата и се декларира за регионален културно-образовен центар, иако има голем број ликовни уметници, нема своја ликовна колонија и сопствена ликовна продукација, како што имаат некои соседни градови: Велес-ДЛУВ и „Папрадишки мајстори“, Св.Николе, „Ѓуриште„ и „Славјански“, Пробиштип- „Лесново“,  Радовиш, Струмица итн, па кога има потреба од ликовна изложба, Заводот-Музеј, Уметничката галерија и Центарот за култура, ги позајмуваат овие изложби од национален карактер, наместо да оформат свои сопствени ликовни збирки.

Thursday, November 8, 2012

Историскиот пат на ДЛУШ

... Историскиот пат на ДЛУШ временски се совпаѓа со вртоглаво брзиот и интригантно
конфузниот период на уметноста во втората половина на 20 век, пропратен  со променливи културолошки модели, период на мноштво нови проблеми како во уметноста, така и во општеството, кои со влегувањето во новиот милениум го достигнаа својот максимум на концентрација. Во овој период видлив е стремежот на уметниците во Штип да се освои духовата суштина на времето, а тоа значело и модернизирање, следење на уметничките практики во светот,нивно превземање и примена на ова тло. Како последица на едни такви згуснати промени во уметноста, создадена е атмосфера на плурализам и рамноправност на сите форми на современи уметнички практики, каде продолжува борбата помеѓу новиот и традиционалниот /класичниот/ ликовен израз.
    Во тој контекст следејки го развојот на ДЛУШ, а воедно и следејки ја генезата на македонската современа уметност, се наметнува фактот дека овие процеси на хетерогенизација се прифатени во составот и организацијата на ликовниот живот во самото друштво, манифестирана преку презентација на индивидуалните размислувања и проекти на ликовните творци. Всушност и мисијата на секој колектив би била да се обезбеди што поголем простор за потврда на уметничкиот индивидуален естетски продукт...

Горанчо Ѓорѓиевски  -   во каталогот на 45. Годишна изложба на ДЛУШ

45. Годишна изложба на ДЛУШ


По повод празникот на градот Штип, Друштвото на ликовните уметници од Штип, синоќа во уметничката галерија ја отвори својата 45 традиционална ликовна изложба на која се застапени 16 уметници со околу педесеттина слики, графики,цртежи и скулптури.