Tuesday, December 21, 2010

Изложба на Иво Пецов

Во НУЦК„Ацо Шопов`=Штип, е отворена изложба на слики под наслов„Цивилизацијата во урнатини и успокоителната слика“ На своите платна во масло и акрилик Пецов укажува на цивилизациските предизвици и нивните последици.
Инаку Иво Пецов е роден 1980 во кочани.Дипломирал 2003,магистрирал 2005, а докторирал 2010 на Националната ликовна академија во Софија.

Friday, December 17, 2010

Наградени ученици на ликовен конкурс

ОБСЕ и МВР-СВР, Штип за учениците од основните училишта, а во рамките на своите активности за превенција и заштита од трговија со луѓе и деца, распиша конкурс за ликовни творби како дел од овој проект. На конкурсот пристигнаа повеќе ликовни творби а најуспешните беа наградени со дипломи и пригодни подароци.

Monday, December 13, 2010



Изложба на Боре Минов

Во изложбениот салон на НУБ„Г.Делчев’-Штип, беше отворена осмата самостојна изложба на слики на Боре Минов насловена како предели насликани со чај.Во еден специфичен свој манир Минов се претставува со триесеттина платна работени во акрилна техника.