Tuesday, June 29, 2010

Ликовни изложби на ШКЛ-2010

Во рамки на ШКЛ-2010, меѓу програмските содржини се вметнати три ликовни изложби и тоа:
Во НУБ „Гоце Делчев„ е поместена изложба на цртежи од Ана Илиева, а во Домот на културата
„Ацо Шопов„е изложбата на Стевче Митев, во уметничката галерија наЗаводот Музеј ке бидат изложбата на Зоран Малиновски и француската колекција од Музејот на современа уметност од Скопје.

Monday, June 28, 2010

Ретроспективна изложба на Дончевски

Од 22 до30.6.2010. во уметничката галерија „Безистен„-Штип, е отворена изложба на Мирко Дончевски - сликар и ликовен педагог во пензија.На изложбата се застапени дела од повеќе сликарски циклуси на авторот.

Thursday, June 24, 2010

Од ликовната колонија „Славјански„









Од детската ликовна колонија
во Општина Чашка

Учесниците со организаторот на Третата детска
Ликовна колонија „Чашка-2010„

Tuesday, June 22, 2010

Prva likovna koilonija SLAVJANSKI

Megunarodniot slavjanski institut"G.R.Dezavin"-Sv,Nikole od 19.do28.6.2010 g; ja organizira Prvata likovna kolonija na koja ucestvuvaat slikari od R.Srbija,R.Bugarija i R.Makedonija i toa:Zlatan Krkic,Biser Lapev,Evelina ,Metodi Burzevski,Novica Trajkovski, Miki Trajkovski,Dimitar Lazov, Monika, Dejan,Trajan Markov i Petre Kolev. Kolonijata e vo plener i od istata ke bide organizirana likovna izlozba.

Saturday, June 19, 2010

Трета детска ликовна колонија „Чашка-2010„

Од 19.до 26.6.2010 г. во Чашка се одржува детската ликовна колонија од државен карактер на која учествуваат талентирани ученици од ООУ„Тодор Јанев„-Чашка, ООУ „Благој Кирков„ Блаже Коневски„ и „Јордан Константинов-Џинот„ од Велес , ООУ„Страшо Пинџур„-Кавадарци, ООУ„Гоце Делчев„-Штип и членови на Ликовното студио при Детскиот ликовен центар на Скопје со своите ментори ликовните педагози; Анкица Марковиќ, Танја Медарова,
Петре Колев и Розе. Учесниците ке творат на локалитети со атрактивна старомакедонска автентична архитектура во Богомила, Теоово, Папрадиште и Нежилово. На крајот ке биде организирана завршна изложба а сите учесници ке добијат дипломи за учество на колонијата.

Thursday, June 17, 2010

Ликовна манифестација Виниче

Веќе петта година по ред во манастирот св.Илија во с. Виниче, скопската општина Гази Баба ја организира оваа детска ликовна манифестација на која учествуваат членовите на ликовните секциина сите општински основни училишта од Гази Баба.

Friday, June 4, 2010

Изложба на Биљана Кајевиќ

Во Уметничката галерија „Безистен „-Штип е отворена изложбата на слики од авторката Биљана Кајевиќ од Скопје. Ова е прва самостојна изложба на Кајевиќ која завршила ФЛУ во Скопје во класата на Рубенс Корубин. Изложбата носи наслов „Тишини„ и го третира фигуративниот лик на жената и портретот со изразит цртачко-сликарски еротизам.

Thursday, June 3, 2010

Изложба на Петар Хаџи-Бошков

Во иаложбените простории на Мала Станица во Скопје е поместена ретроспективно монографска изложба на скулпторот Петар Хаџи-Бошков со 600 дела изработени во метал,бетон,брестол и керамика, а по повод неговиот 82 роденден и 50 годишен ликовен труд.
На изложбата е промовирана и монографијата „Петар Хаџи-Бошков, Скулптури 1950-2004„ од Конча Пиркоска.За Хаџи-Бошковсе истакнува дека е еден од основоположниците на современата македонска скулптура и дека ги спојува скулптурата со архитектурата, сликарството, амбиентот и звукот, но треба да се истакне дека тој е истотака и голем ликовен педагог со долгогодишен работен стаж во УПУ„Лазар Личеноски„ каде ми беше класен раководител, а истотака е еден од иницијаторите и основоположниците на Факултетот за ликовна уметност воСкопје, каде беше професор и декан.