Wednesday, August 25, 2010

Семинар за ликовните педагози

На 25.8.2010 во ОУ Т.Арсов - Штип, се одржа семинар за наставниците по ликовно образование од основните општински училишта од Штип, Карбинци,Струмица,Радовиш,Конче,Св.Николе,Лозово и др. на кој беше разработено подготвувањето на новата наставна програма по ликовно за 8 одд,
Веднаш по завршувањето на семинарот присутните наставници потпишаа претставка до БРО и МОН за селективниот пристап и одземње на часови по ликовно, отежнувачките просторни работни места за учениците со поставените компјутери, неразвиениот систем за валоризација на ликовно-педагошкиот труд вон наставата и естетското уредување и др. слични прашања кои во догледно време ке бидат доставени од регионалните здрузенија на ликовните педагози.

Sunday, August 15, 2010

Ликовна колонија Ѓуриште-2010

Од 9.-16/8/2010. се одржа десетото јубилејно издание на Ѓуришката ликовна колонија на која учествуваа десетина уметници и тоа: Вера Муњас од Р.Србија, Бисер Лапев од Р.Бугарија,а од Македонија учесници беа: Влатко Здравковски, Владимир Миланов, Стојче Тоциновски, Петре Колев, Димитар Лазов, Александра Петрова, Моника Додева и Мики Трендафилов. На колонијата како гостин учествуваше Стефан Ѓорчев, талентиран ученик.