Tuesday, December 15, 2009

Изложби

Во националната установа Центар за култура „Ацо Шопов„-Штип, во тек е изложбата од ликовната колонија „Лесново-09„ а на 20. Декември ке биде отворена изложбата од Биеналното студио на цртеж.На оваа изложба се застапени уметниците: Тодор Максимов, Момчило Аврамовски, НиколаСмилков. Петре Колев, Кирил Казанџиски, Боре Минов,Пепи Атанасов и Ѓоко Антониевски.

По повод патрониот празник на Свети Николе- св.Никола, во ОУ Дом на културата „Крсте Мисирков„- Св.Николе ке биде отворена изложбата од Ликовната колонија „Ѓуриште-09„ а во Славјанскиот институт во Св.Николе, ке биде поместена изложба на слики од Новица Трајковски,
Ирена Андонова, Тања Медарова, Петре Колев и Димитар Лазов.

Tuesday, December 1, 2009

Ученички цртежи

Во предметната настава на основното образование некои ученици цртањето ги интересира, а некои воопшто не ги интересира. Џа тоа нешто има повеќе причини од лични и објективни околности. Цртачкиотталент кај ученикот обично се воочува околу 11 годишна возраст /шесто одд/.,со референтен реалистички цртеж. Тој обично поседува детално опсервирање,љубопитност,флексибилност во прикажувањето на фигурите и објектите на цртежот.
Има нагласена флуидност на потезот и варирање на цврстината на линијата од моливот.
Користењето на ликовните елементи и принципи, како простор и композиција се понапредни со
примена на разни линии во повеќесложени објекти, каде е изразено виѕуелното паметење и живо-писната фантазија.
Начините за негување на убавото цртање и креативноста е да се избегнуваат директни интервенции и прекумерни насочувања со примери од ученички ликовни творби или репродукции, како и чести изложувања на готови ученички решенија на поедини ликовни проблеми.Објективното оценување и укажување на поеддини недостатоци на цртежот ,
позитивно и стимулирачки влијаат за слободно творечко изразување ако:
1. Правилно се насочува и интенционално набљудува,
2. Се активира сеќавањето при разговор со ученикот,
3.Се побудат: фантазијата,мечтаењето и бизијата,
4. Има замислување, имагинација, оригиналност и ликовно-естетско толкување, и
5. Низ редовната и додатната настава се потврдуваат вредностите на ученичкиот цртеж.

Thursday, November 26, 2009

„Светот во недостиг на надеж се гуши во агресија и очај, па затоа потребата да се врати продуховената нота во уметноста е поголема од кога и да е било порано... Преку уметноста Вие треба дабидете гласници и сведоци на надежта за човештвото...„

Папата Бенедикт 16, пред уметничкиот свет,
во Сикстинската капела.

Thursday, November 19, 2009

Ликовен конкурс

Националната установа Центар за култура - Битола, го распиша конкурсот за учество на 35-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема:„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„. Оваа манифестација си обезбеди културен континуитет, си најде практична реализација преку активноста на илјадници деца и ученици ширум Македонија кои заедно со своите ликовни педагози неуморно творат и истражуваат низ богатиот фолклор.
Конкурсот е отворен до 1.март 2010 г., а за најуспешните се обезбедени пригодни награди.

Wednesday, November 18, 2009

Slikarska rabotilnica

Vo ramkite na 42.Detski Racinovi sredbi vo Veles se odrza i tradicionalnata slikarska i vajarska rabotilnica na koja ucestvuvaa ucenici od poveke osnovni ucilista od Republikava, koi tvorea na slobodna tema.
Organizatorot na rabotilnicata Odborot na Racinovite sredbi bi bilo uste podobro koga vo idnina zaradi pouspesna rabota na rabotilnicata blagovremeno bi dostavil propozicii za ucestvo i kriteriumi za selekcija i vrednuvanje na likovnite tvorbi kako ne bi se slucuvale propusti i proteziranja.

Monday, November 16, 2009

Размислувајки за личноста и творештвото на колегата Петре Колев, се наметнува неизбежниот расчекор, помеѓу неговиот сопствен имагинарен ликовен свет и светот на рационалноста, како ликовен педагог во воспитно-образовниот процес. Одбележувајки 40 години ликовно творештво, создал , за релативно кусо време, триесеттина дела како последен циклус од потрагата по вистински автентичен израз. Преку суптилна експресија на неговиот сензибилитет, го изразува истражувачкиот немир во светот на внатрешниот порив. Апстрактноста, на моменти асоцијативно фрагметарна, структурална со нагласена визуелна текстура, ја создава затворената композиција. Лазурната колористичка динамика, честопати спротивставена, дисхар-монична или хармонична, ја ѕголемува експресијата на внатрешното магиско пулсирање.
Овие дела, како мал дел од неговата творечка сублимација, ја изразуваат неговата Космичка сензација на умот, и ако знаеме дека животот е причината за сите збиднувања. Тогаш и уметноста на Колев е една од неговите последици, нагонска или промислена, спонтана или не, со чувство збогатена или со разум оптоварена.
Изградувајки сопствена ликовна лексика, физиономија и индивидуалност, е голем Предизвик во сфаќањето на неговата професионалност и сликарска изразност. Таквото творештво ја зголемува супстанцијата на внатрешното доживување. Колку повеќе ќе ја чувствува слободата на сопствениот израз, толку посилна ќе е радоста на неговиот творечки пат.Неговите дела како естетски творби несомнено се резултат заради кој вредело да се оди и да се изоди тој долг пат.
На крајот овие мои размислувања , може да бидат интересно и важно сведоштво
за уметникот и неговото творештво, но сепак единствено примарно сведоштво е самото
уметничко дело.
Проф. Кирил Казанџиски,
Академски сликар и ликовен педагог

Thursday, November 12, 2009

Saturday, November 7, 2009

42 tradicionalna jzlozba na DLUSoD

Od 7 do 25. Noemvri vo umetnickata galerija Bezisten e otvorena 42 godosna izlozba na clenovite na Drustvoto na likovnite umetnici na Stip/ Na izlozbata se zastapeni dela od ponovata produkcija na dvaesettina avtori od Stip.Sv.Nikole i Probistip.

Thursday, November 5, 2009

Ликовна изложба и омаж на Петре Колев

Во изложбениот салон на Националната установа Библиотека „Гоце Делчев„-Штип, од 6 до 16.Ноември о.г. е поместена самостојна ликовна изложба „Хармонија и Единство„ на Петре Колев.
На триесеттина платна во масло и комбинирана техника со мотиви од современиот ликовен јазик Колев ги презентира своите сликарски пориви во еден компактен циклус применувајки ги во структурата на сликата ликовните елементи и принципи, текстура, големина, насока динамика,хармонија,форма единство исл.

Monday, October 26, 2009

Ново раководство на ДЛУШ

Друштвото на ликовните уметници на Штип,на својата редовна Годишна седница избра ново раководство. За претседател е именуван академскиот графичар и сликар Дејан Марков, професор во О У „Димитар Влахов„, а за секретар Боре Минов, сликар и сопственик на галеријата „Пинокио„.
Во наредниот период новото раководствоке настојува програмски да го освежи друштвото и да
кооптира нови членови, како и да ги консолидира своите редови, со потесна меѓусебна и институционална соработка.

Thursday, October 22, 2009

Ученичката ликовна творба-визуелна порака

Визуелните комуникации како содржина во ученичките ликовни активности, претставуваат поттикнувачка основа на духовниот видик на децата. Живеејки во време на иницирачка и пресвртувачка моќ на визуелните пораки, естетскиот контекст на сите комуникативни и медијски форми мора да биде согледан и од страна на ликовниот педагог, со нужно внимание.Визуелните комуникации се константа во меѓучовечките контакти, широк простор на различни иницијативи, информации, метафизички побуди за остварување на универзални претстави. Според тоа задачата на ликовниот педагог е методолошки да ја согледа и низ ликовното описменување,воспитување и образование, да ја почитува позитивната идејна страна на визуелната порака/преку анализи и препознавање на естетската и емоционална порака во ученичката ликовна творба/. Оттаму и интенцијата на овој напис ученичката ликовна творба да се сфати како референцијална и визуелна порака, имајки предвид мноштво можности во фигуративните способности на учениците од разни возрасти. Во овој вредносен слој на ученичката ликовнa творба се наоѓа и потенцијалот за развивање на смислата за интенционални визуелни пораки. Просторната појава на ученичката ликовна творба ги опфаќа: условите на надворешни поттикнувања,општите услоови за работа,содржината и организираноста,условите во училиштето и вон него кои влијаат на климата и расположението за ликовно изразување.Физичкото значење на ученичката ликовна творба наведува на конституцијата на ликовната реализација, како производ, кој со одредена постапка и детска сила е совладан со потребно време и соодветна техника. Материјалниот аспект на ликовното мислење не насочува на констатацијата дека тоа е усогласено со можностите на совладување на материјалите и средствата за ликовно изразување. Егзистирањето на ликовниот израз означува извесна вредност, како спонтана експресија,субјективна,ликовна, естетска и психо- лошка порака со еден специфичен ликовен говор, кој ја приближува хуманата смисла на пораката. Визуелниот,физичкиоти метафизичкиот свет на ученичките ликовни творби не насочува на ликовната форма и материја,на нешто идејно,духовно и со хумана естетска вредност. Нашето разбирање заученичките ликовни активности,нивното овозможување и поттикнување треба да потпомогне при начинот на составување на пораката,сензибилизирање на елементите и принципите на ликовно обликување, но и опфаќање на личноста со соодветни мотиви кои ке го доведат до естетско искуство, бидејки секоја личност е индивидуа со различна ментална оптовареност кон надворешниот свет.Гледајки од аспект на емоционална порака се доаѓа до тоа колку ученикот се внесува во творбата и колку таа металингвистички ни ги насочува мислите визуелно да го согледаме ликовниот код на специфичната семантичка површина на ученичката ликовна творба.

Friday, September 25, 2009

Ликовен Септември

Сезоната на ликовни иѕложби во Штип,
оваа ликовна есен ја отвори косовскиот сликар
и професор на ликовната академија во Приштина,
Хајруш Фазлиу со тематска постановка на 30 дела-
„Фокус и Мистерија„поместени во уметничката
галерија,веднаш потоа љубителите на уметноста
имаа можност да ја проследат изложбата на слики
од современи македонски сликари-збирка на
Стопанска банка.

Thursday, September 24, 2009

Ликовна едукација

Денеска во ОУ„Гоце Делчев„-Штип, се одржа
семинар за примена на новата наставна програма
по ликовно образование во 7 одд. Семинарот го
следеа ликовните педагози од основните училиш-
та од градовите на источниот регион на државава.
Предавач на семинарот беше советникот по
ликовно образование при БРО г.Зоран Мазновски.

Wednesday, September 9, 2009

Literatura za umetnicka filozofija

1. "Covekovoto srce" - Erih From
2. "Voved vo naukata za kultura" - Edvard Kolej,
3. "Estetika" - Hegel,Platon,Aristotel,
4. "Proucuvanje na likovnite dela" - Konrad Fidler
5. "Ishodiste slike"- Mica Popovic
6. "Za duhovnoto vo umetnosta"-Vasilij Kandinski
7 .Umetnost i covekuvanje"- Dimitar Dimitrov
8 "Principot kopnez"- Kica Bordzieva kolbe

Wednesday, August 19, 2009

Ликовна колонија „Ѓуриште-09„

Од 10 до 17.8.2009 г. во природен амбиент на
Орел, се одржа деветото издание на ликовната
колонија „Ѓуриште„што ја организира ОУДК
„Крсте Мисирков„-Св.Николе. На колонијата
учествуваа дванаесет ликовни уметници од
Србија, Бугарија и Македонија и изработија
28 слики во техника акрил и масло на платно.
Изложбата ке биде поместена во салонот на
Домот на културата во Св.Николе, а ке биде
и во неколку други градови.
Инаку на оваа колонија досега учествувале
над 1оо уметници кои оставиле над 2оо свои
ликовни дела, во ликовна збирка на Домот.

Wednesday, June 24, 2009

Monday, June 22, 2009

Thursday, June 18, 2009

Wednesday, June 17, 2009

Втора детска ликовна колонија ЧАШКА-09

Во организација на ООУ Тодор Јанев, а под покро-
вителство на ЕЛС-Чашка од 17 до 24.6.2009 во Чаш-
ка се одржува Детска ликовна колонија од републич-
ки карактер. На колонијата учествуваат:
-ООУ„Тодор Јанев„-Чашка. л.п.Анкица Марковиќ,
Ученици: Андовски Димче,Бељурски Белмин,
Петровска Александра и Јовановска Симона
- ООУ„Благој Кирков„-Велес, л.п.Татјана Медарова,
Ученици: Марјана Гаврилова и Елена Ѓорѓиевска.
- ООУ„Васил Главинов„-Велес,л.п. Јасна Мијакова,
Ученици:Филип Тодоровски и Тоше Пешовски.
- ООУ„Владо Кантарџиев„-Гевгелија,л.п.Роза Петро-
виќ; Ученици: Симона Спасова и Тања Кочева.
- ООУ„Маршал Тито„-Струмица,л.п.Ристо Обрадов,
Ученици: Катерина Урдин и Васко Чурлинов.
- ООУ„Страшо Пинџур„-Кавадарци,л,п.Роза Атана-
совска, Ученици:Ангела Гроздановска иЈанаки Златев.
- ООУ„Тошо Велков-Пепето„-Кавадарци,л.п.Ванчо
Кеков, Ученици:Чејкова Гордана и Чачкова Надица.
- ООУ„Кирил и Методиј„-Кочани, ментор Хера,
Ученици:Тијана Хаџи-Василева и Стефанија Ангелова
-ООУ„Гоце Делчев„-Штип; л.п.Петре Колев,
Ученици:Маја Николовска и Викторија Велинова.
-ООУ„Браќа Рибар„-Табановце, л.п. Синиша Саздо-
вски; Ученици: Анита Тренчиќ и Моника Станојковиќ
-ООУ„Кочо Рацин„-Охрид-Љубица Чифлигароска,
Ученици: Симона Цветаноска и Ангела Јованоска.

Thursday, April 9, 2009

Семинар за ликовните педагози од О У

Деновиве во ОУ„Г.Делчев„-Штип, се одржа семинар
по ликовно образование на тема: „Водење ученичко
досие, начин на бодирање и скала за оценување.
Предавач беше Трајко Јовановски од БРО, кој подетал-
но ги објасни стандардите за оценување и водењето
портфолио за секој ученик

Tuesday, February 24, 2009

Се што слушав заборавив. Се што гледав се сеќавам.
Се што работев и сега можам да го изработам.

Илјада зборови не вредат, колку што вреди
еден поглед. / кинеска поговорка7