Tuesday, January 23, 2007

фото-документарна изложба„Штип,вчера и денес„

Во Националната установа библиотека „Гоце Делчев„-Штип е отворена фото-документарна
изложба насловена како „Штип,вчера и денес„ на која се поместени повеке фотографии кои
можат споредбено да ги компарираат историските,архитектурни и културни обележја на
Штип во изминатите две столетија. Организатор на изложбата се Локалната самоуправа,
Фото-студио „Трајче„ и библиотеката „Гоце Делчев„, која годинава одбележува 60 години
перманентна едукативна и културна мисија. Деновиве изложбата ја посетија учениците од
предметна настава на основното училиште „Гоце Делчев„ и се запознаа со културно-историскиот развој на градот.

1 comment:

Anonymous said...

vakvq izlozba e potrebna za ovoj grad za das mladite generacii osoznaat rastezot i arhitekturata
koja e avtenticna za ovoj kraj.