Friday, June 29, 2007

Јубилеј 40 г.Друштво на ликовните уметници

Во 1967 г.група ликовни уметници го формираа ДЛУШ

/Друштво на ликовните уметници-Штип/.Најнапред ДЛУШ

делуваше како секција при ОКССРН-Штип, потоа како стру-

кова организација финансирана од СИЗ за култура и најпосле

како Здружение на граѓани.

Во изминатиот период претседатели на ДЛУШ биле Драган

Биков, Љубица Накова-Донска, Мирко Дончевски, Иван Сулев,

Томислав Крмов и Тодор Максимов, а секретари Гоце Стојанов-

ски,Петре Колев, Кирил Казанџиски и Стојмир Веселинов.

Мисијата на ДЛУШ е организација,презентација и афирмација

на сликарството,графиката,скулптурата и воопшто на ликовната

уметност. Во тој контекст досега има организирано околу 50 гру-

пни изложби и повеке самостојни на поедини членови, како во

Штип и Републиката,така и вон неа. Во ДЛУШ членуваат околу

25 редовни членови, а истото е отворено за сите љубители на

ликовната уметност.

Иако ДЛУШ во своето четиридецениско делување има оства-

рено забележителни резултати, сеуште го нема етаблирано својот

уметнички статус. Тоа можеби се должи и на недоволната финан-

сиска подршка од Министерството за култура и локалната самоу-

права, кои само еднаш годишно издвојуваат скромни средства за

каталогот на традиционалната годишна изложба, што ни од далеку

не ги задоволува потребите за

Tuesday, June 5, 2007

Детска ликовна колонија„Македонски зограф-07„

Сојузот на ликовните педагози на Македонија во
соработка со Регионалните здруженија на ликовните
педагози и годинава ја организира традиционалната
ликовна колонија Македонски зограф. Колонијата ке
се одржи од 11-18.јуни во Охрид во детското одмора-
лиште „Славејче„.Заинтересираните можат за подета-
лни информации да сеобратат во СЛПМ.

Friday, June 1, 2007

Ликовна изложба со мотиви одШтип и штипско

На 31.5.2007 г. во изложбениотсалон на Н.У.
Библиотека „Гоце Делчев-Штип, беше отворена
изложба на слики со мотивиодШтип и околината
од авторот Стојан Трниник - Нанче. Творбите се
во акварел и масло на платно.