Friday, June 29, 2007

Јубилеј 40 г.Друштво на ликовните уметници

Во 1967 г.група ликовни уметници го формираа ДЛУШ

/Друштво на ликовните уметници-Штип/.Најнапред ДЛУШ

делуваше како секција при ОКССРН-Штип, потоа како стру-

кова организација финансирана од СИЗ за култура и најпосле

како Здружение на граѓани.

Во изминатиот период претседатели на ДЛУШ биле Драган

Биков, Љубица Накова-Донска, Мирко Дончевски, Иван Сулев,

Томислав Крмов и Тодор Максимов, а секретари Гоце Стојанов-

ски,Петре Колев, Кирил Казанџиски и Стојмир Веселинов.

Мисијата на ДЛУШ е организација,презентација и афирмација

на сликарството,графиката,скулптурата и воопшто на ликовната

уметност. Во тој контекст досега има организирано околу 50 гру-

пни изложби и повеке самостојни на поедини членови, како во

Штип и Републиката,така и вон неа. Во ДЛУШ членуваат околу

25 редовни членови, а истото е отворено за сите љубители на

ликовната уметност.

Иако ДЛУШ во своето четиридецениско делување има оства-

рено забележителни резултати, сеуште го нема етаблирано својот

уметнички статус. Тоа можеби се должи и на недоволната финан-

сиска подршка од Министерството за култура и локалната самоу-

права, кои само еднаш годишно издвојуваат скромни средства за

каталогот на традиционалната годишна изложба, што ни од далеку

не ги задоволува потребите за

No comments: