Tuesday, December 1, 2009

Ученички цртежи

Во предметната настава на основното образование некои ученици цртањето ги интересира, а некои воопшто не ги интересира. Џа тоа нешто има повеќе причини од лични и објективни околности. Цртачкиотталент кај ученикот обично се воочува околу 11 годишна возраст /шесто одд/.,со референтен реалистички цртеж. Тој обично поседува детално опсервирање,љубопитност,флексибилност во прикажувањето на фигурите и објектите на цртежот.
Има нагласена флуидност на потезот и варирање на цврстината на линијата од моливот.
Користењето на ликовните елементи и принципи, како простор и композиција се понапредни со
примена на разни линии во повеќесложени објекти, каде е изразено виѕуелното паметење и живо-писната фантазија.
Начините за негување на убавото цртање и креативноста е да се избегнуваат директни интервенции и прекумерни насочувања со примери од ученички ликовни творби или репродукции, како и чести изложувања на готови ученички решенија на поедини ликовни проблеми.Објективното оценување и укажување на поеддини недостатоци на цртежот ,
позитивно и стимулирачки влијаат за слободно творечко изразување ако:
1. Правилно се насочува и интенционално набљудува,
2. Се активира сеќавањето при разговор со ученикот,
3.Се побудат: фантазијата,мечтаењето и бизијата,
4. Има замислување, имагинација, оригиналност и ликовно-естетско толкување, и
5. Низ редовната и додатната настава се потврдуваат вредностите на ученичкиот цртеж.

No comments: