Thursday, February 4, 2010

Кодекс и оценување кај предметот ликовно образование

Кодексот треба да помогне во етичкото оценување на постигањата на учениците, а со тоа и довербата за подржување на личните и професионалните вредности како кај учениците така и кај ликовните педагози.

Кај секоја ликовна задача ликовниот педагог јасно ги определува целите на ликовната творба, кои ке бидат основа за оценување на ученичкиот ликовен производ. При оценувањето важен е креативниот начин на барање на решенија на ликовниот проблем, самата основа на ликовната творба и употребата на ликовното знаење. Ликовното оценување претставува информација за ученикот и за неговиот напредок. При оценувањето ликовниот педагог го советува и го поучува како да го подобри резултатот, укажувајки му на пропустите и недостатоците во ликовната творба и можните варијанти за подобрување на ликовниот израз. Оценувањето на ликовната творба е повратна информација и е дел од ликовното образование и воспитание. при самото оценување се применуваат соодветните критериуми и стандарди, но постојат и субјективни проценки,според ликовните способности, индивидуалниот пристап на визуелните и креативните мисли на ученикот.

No comments: