Friday, April 9, 2010

Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Штип

Од 8-28.4.2010 во Уметничката галерија во Штип е поместена самостојна изложба на слики од ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов, роден 1955 во Скопје. Завршил Педагошка Академија, група ликовно воспитување во Скопје.Член е на ДЛУМ од 1984 г.Ова е негова44 самостојна изложба,
а учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјатаи надвор.
На оваа постановка Стефан се претставува со нови идеи и перцепции на убавината на женското тело со околу четириесеттина слики во специфичниот свој манир на хипер фото реализам.

No comments: