Friday, June 4, 2010

Изложба на Биљана Кајевиќ

Во Уметничката галерија „Безистен „-Штип е отворена изложбата на слики од авторката Биљана Кајевиќ од Скопје. Ова е прва самостојна изложба на Кајевиќ која завршила ФЛУ во Скопје во класата на Рубенс Корубин. Изложбата носи наслов „Тишини„ и го третира фигуративниот лик на жената и портретот со изразит цртачко-сликарски еротизам.

No comments: