Thursday, October 28, 2010

За ликовната критика

Ликовната критика е посебен вид интелектуална активност која го прати развојот на современата ликовна уметност. Постојат повече видови ликовна критика како што се: академска критика, критика на чиста визуелна, социолошка,импресионистичка,модерна и друг вид ликовна критика во зависност од одредени општествени, просторни и временски фактори, кои придонесуваат за потполно разбирање на ликовните дела и донесување позитивен или негативен суд за истите. Прифаќњето или отфрлањето на ликовната критика е постојана борба меѓу теоретичарот и активниот творец и се смета дека историчар на уметноста кој активно не се занимава со уметничко творење не може да донесува оценка за уметничко дело, бидејки тоа што се создава за иднината во себе содржи елементи на уметничка имагинација и креативни постапки од перцептивни,мисловни,ликовно-естетски, емотивни,техничко-технолошки и други соодноси кои најдобро ги открива теоретичарот- творец и практичар,кој во себе носи бравурозен ликовен јазик и стил на искажување и пишување.Ова укажува дека постои и поинакво мислење па се што ќе се објави и не значи дека е критика, бидејки има разни ликовни есеи, манипулации и клановски игри, за кои се одговорни оние кои ги создаваат и оние што ги прифаќаат. Наспроти нив постои конструктивна и творечка критика која визуелните и ликовните форми ги подразбира во функција на содржината ,како што е и содржината во функција на формата, но во интегрална проценка го издвојува лошото од доброто, ја истражува идејно-уметничката свест на творецот, преку неговото дело. Во овој момент ваквата ликовна критика кај нас ни недостасува, како реалност, која со своите конструктивни елементи на мислење ќе ги утврди сегашните ликовно-естетски вредности,како повеќеслојна метафора која ќе го поттикнува,обновува и продлабочува ликовното творештво.

No comments: