Monday, February 7, 2011

Изложби на Драган Биков-графичар,сликар

Во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип и НУ Завод, музеј и галерија-Штип, деновиве истовремено беа постхумно отворени две големи ретроспективни изложби на Драган Биков/!933-2006/. Во Центарот закултура е поместена графичката изложба на Биков, каде тој е попознат како уметник-графичар, додека во уметничката галерија се поместени платна во масло, од кои голем дел воопшто не се изложувани досега. Инаку и Биков е еден од Штипските сликари-графичари, иако е роден во Делчево, најголемиот творечки опус му е во Штип, каде меѓу другото бил сценограф во театарот и ликовен педагог.Изложбите се подржани од Фондацијата „Маја Бикова“, Музеите на град Штип и Скопје, како и од Министерството за култура. Текстот на каталогот, печатен двојазично на македонски и англиски, е од Душан Перчинков.

No comments: