Wednesday, April 27, 2011

Некои елементи и симболи во ликовното обликување и толкување

„Човекот со својата склоност кон создавање симболи,несвесно ги обликува објеките и облиците во симболи и со тоа им придава голема психолошка важност“ - А.Џеф

Ликовните елементи и симболи можат да предизвикаат многу сложени впечатоци и визуелни ефекти. Затоа прашањето за визуелно описменување е императив без кој неможе да се замисли меѓусебно визуелно разбирање.Во интерес на брзото соопштување и примање на пораката, се поставува прашањето за симболиката.Карактеризацијата на симболите и елементите во овој текст не се со некоја апсолутна важност и истите подлежат на лични и културни фактори во одредени средини.
По хронологија најстаро и најосновно ликовно средство за изразување е линијата.Линијата сугерира низа визуелни постапки,насоки,облици,површини,светлости сенка, а над се го дефинира цртежот. Испрекината линија значи колебливост, правата-хоризонт,точност,кроткост,мека линија-нежност,лирика,јака линија означува директност и одлучност,брановидна- немирност,раскош, спиралата-динамика,цик-цак линијата значи неверност,нервоза и драматичност,вертикалата-идеал на исправеност.
Формата, како ликовен елемент,симболизира разни облици на манифестирање-еднаквост-нееднаквост,сличност,внатре-надвор,простор,целосно-делумно,волумен. Правоаголник симболизира површина,тло, круг-небо,вечност,светлост.Повеќеаголник значи алегориска фигура,невиност. Обележјата за претстави и симболи во природата, луѓето и животните може да се групираат во две целини и тоа фигуративност поврзана со имитативната реалност и претстави и симболи освестени во цивилизираниот урбан амбиент.Нивната визуелна читливост,преведена во апстрактна логика,геометризација и стилизација на осовремена форма, има заедничко значење во митско-религиските основи на минатото и сегашноста. Бојата е феномен на светлоста,Црната значи отсуство на светлина,темница,смрт,ад,жалост, но и свеченост и благоразумност.Белата е светлина,чистота,невиност,душевност,чест и мир.Бело-црно означува покорност,чедност,осветлување и затемнување.Црвената симболизира-топлина,емоции,љубов и омраза, револуција,храброст,крв и оган,моќ. Сината симболизира, небо,вистина,верност,нежност,ладнина,вода.Со еден збор секоја боја носи своја симболика, светлите бои ја истакнуваат радоста,живоста,оптимизмот,особеноста и доброто, додека со загаситите бои се означува песимистичкиот аспект на светот и животот,безбожност,грев.
Во разни историски периоди постоела разновидна симболика во иконографијата.
Успешното комбинирање на елементите и симболите во хармонични односи даваат убава композиција со богатство семјотички и семантички пораки, чиј пат на сознание е логичен и ја активира свеста.

No comments: