Monday, January 14, 2013

Соработка за изградувње ликовна публика

Училиштата не респектирајки го континуитетот меѓу едукативниот и уметничкиот процес и со намалувањето на бројот на часовите и активностите по ликовно образовние, го зголемија јазот меѓу животот и школата и го намалија интересот за ликовната уметност. Музеите, галериите, библиотеките, домовите на културата иако претставуваат културен континуитет за оние спознанија кои учениците ги стекнале во текот на основното и средното образование, во последно време се почесто се полупразни, па наместо да имат динамична соработка, постои изолционизам. Со вистинска соработка, меѓу културните и образовните институции, со продлабочување на образовните и уметничките содржини, би можело во свеста на младите да се подобри целовитоста на содржините и да се развие љубов кон уметност. Инаку, според мене,сегашната соработка не е на она потребно ниво за кое се декларира: еден семинр за едукатори, еден хепенинг, ликовен конкурс или проект за културното наследство, не можат да ги подготват младите со културни навики,знаења и вештини за уметничко перцепирање, восприемање или творење. Љубовта кон ликовната уметност се создава од најрана возраст и треба да се негува и надградува. Жалосно е возрасен човек првпат да влезе во музеј и од него да очекувате да воспитува идна публика.Ѕатоа се потребни специјализирани едукативни проекти за соодветна ученичк возраст, која ке ја изградиме и негуваме за идна ликовна публика. За ова треба повикните да сторат нешто повеќе од сега.

No comments: