Tuesday, February 26, 2013

Ликовна работилница - сликање на стакло

Сликањето на стакло е стара техника и потекнува од источните народи, а преку Византија и Венеција е донесена во Европа.Денес има повеќе техники на сликање на стакло со раѕноврсни мотиви од религиозни до секојдневни жанр сцени. За сликање на стакло потребно е пред се квалитетни мекани четки, специјални бои за стакло со соодветна густина - ни ретки ни премногу густи,покривни и брзо се сушат.Маслените бои не се погодни.Стаклото на кое се слика треба да е совршено чисто пребришано со вата, шпиритус и еленска кожа. За вежбање е добро да се користат оппадоци од стакло. Мотивот претходно треба да биде нацртан на хартија или картон.Големината на цртежот треба да биде во размер 1:1. Врз завршната скица се поставува стаклото и најнапред се исцртуваат контурите со темна или браон боја.Во текот на работата повремено стаклото се поткренува и се проверува јасноста на линиите.Откако цртежот ќе биде готов, пред обојувањето се пристапува кон фиксирање со безбоен лак и се остава да се исуши.При исликувањето најпрво се нанесуваат светлите бои, а потоа темните тонови.Секој слој мора добро да се исуши. Откако мотивот е готов се става позадината, било да е плошно декоративно, или сликарски тридимензионално тонирање кое дава извесна длабочина.Обидете се, тоа ќе ви донесе многу радост.

No comments: