Tuesday, August 6, 2013

Симболиката во детскиот цртеж

Секој детски цртеж во себе ја крие интимата на доживеаната инспирација, било таа да е директна или индиректна. Таа инспирација се транспонира и прикажува во симболика која има општо значење.Но, ако таа симболика ја проанализираме повнимателно,можеме да воочиме нешто кое во психолошка смисла е општочовечко.Тогаш цртежот се претвора во симболика и претставува ликовен израз на едно внатрешно доживување на една психолошка состојба.Ако се обидеме да проникнеме во симболиката на цртежот, најнапред ќе ги издвоиме најзначајните симболи и кодови. На Пример: реката асоцира на живот што тече, мостот-поврзување,срцето-љубов,рането срце-отфрлена љубов,куќа-безбедност и заштита, оружје-опасност итн. Има многу слични симболи на кои може да им се даде конкретно и индивидуално значење.„Човекот со својата склоност за создавање симболи несвесно ги преобликува објектите во форми и симболи,а со тоа им придава голема психолошка важност.“истакнува А.Јаffe.Понекогаш симболите во детскиот цртеж ги надминуваат тесните рамки на индивидуалното и во себе носат порака која е хумана и општоживотна, исполнета со љубов и радост.

No comments: