Tuesday, January 7, 2014

Афоризми за уметноста

„Нема ништо видливо без светлост, нема ништо видливо без прозирен медиум, нема ништо видливо без облик, нема ништо видливо без отстојание и оддалеченост, нема ништо видливо без алати за гледање...“ Никола Пусен, фанцуски сликар,1665. „Идната уметност ќе биде плод на едно научно убедување.Таа е наша религија,наша средина,наша иднина.Таа е доволно длабока и содржајна за да го донесе најголемото вообличување, најголемото преобликување на формите кои светот ги доживеал...“ Франц Марк, германски сликар,1915. „Кубизмот има практични цели.Ние во него гледаме само средство за изразување на она што го забележуваме со окото и духот“ Пабло Пикасо „..Сфаќањето на природата го создава уметникот, а уметничкиот одраз на сфатената природа - стилот.Секакко, многу е поудобно да се земе стилот од поранешните епохи, прерафаелити..отколку со своја пот на лицето да се зема од природата. Но, колку тешко и да би било, природата обилно го наградува оној кој ја истражува, со дар кој може само таа да го даде: со оригиналност. И само оној кој природата ја гледа со сопствени очи, а притоа располага и со способност да го репродуцира согледаното оригинално, тој е уметник...“ Либерман, германски сликар,1894.

No comments: