Thursday, April 17, 2014

Шарено Велигденско јајце

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Ацо Шопов„-Штип, денес по четврти пат беше организирана манифестацијата „Шарено Белигденско јајце“, на која учествуваат ученици од основните училишта и детските градинки во Штип.Манифестацијата е со натпреварувачки карактер и има за цел да ја негува традицијата од богатата духовна ризница на православието во врска со најголемиот христијански празник Велигден. Годинава за најуспешни, од страна на стручно жири беа прогласени штандовите на ДУ „Вера Циривири-Трена“ и ООУ„Гоце Делчев“,кои изобилуваа со убаво декорирани јајца и други ликовни творби.

No comments: