Friday, May 4, 2012

Ликовно вреднување на учениците

Стекнувањето искуство за правилно вреднување на можностите за ликовната работа, како лична така и на учениците, е значаен елемент за админување на медиокритетството и фаворизирање на талентираноста во наставата по предметот ликовно образование.
    Сегашното користење на мерните инструменти /Сл.весник на РМ бр.165-2008/,стандардите,тестовите, чек-листите и др. ми се чини дека повеќе водат кон фаворизирање на теоретските ликовни знаења кај учениците кои треба да ги применуваат, а до запоставување на многу други практични форми и воспитни ликовни елементи кои недоволно се вреднуваат. Се математизираат и се бодираат по процент научени факти по нивоа и подрачја, врз основа на кои, по скала се извлекува оценката и тоа по еден бод за секој стандард, што донекаде ја доловува објективноста, но во секојдневната пракса не е се така, особено не во мултиетничко училиште. Субјективното нумеричко и описно оценување и понатаму ќе се провлекува, а културно-воспитната страна и ангажираноста како на ликовните педагози така и на учениците недоволно се стимулира.
    Воннаставните активности /посета на уметнички галерии, музеи, настава во пленер и сл./, додатната, изборната настава, културната и јавна дејност во уметничкото подрачје /учество на натпревари, изложби, конкурси, манифестации и ликовни колонии/, имаат голема ликовно-воспитна вредност, меѓутоа воспитните можности на овие активности не се доволно искористуваат. бидејќи учениците премногу се оптоварени со дневен и неделен фонд на часови по распоред, со домашни задачи, ограничени се со просторни, временски, економско-социјални и  други услови , а недоволно се вреднувани со само плус една оцена повисоко.
    Според некои истражувања учениците покрај 30 т.е. 35 часа, седмично или 7-8 часа дневно на училиште дома на истите задачи проведуваат уште 20-26 часа, што навистина е напорно.Оваа воспитно-образовна структура -културно уметничката и јавна дејност на ликовните педагози и нивните ученици, ликовно-естетското уредување во училиштата и слободните ликовни активности треба поадекватно да се вреднуваат стимулираат и наградуваат
   Дискутабилен е и системот на оценување на поведението на ученикот, каде се применуваат разновидни критериуми, но за нив нека водат сметка одделенските класни раководители, а истотака и водењето портфолио-ученичко досие не функционира глатко.

No comments: