Monday, April 15, 2013

Основи на едукација и работа во креативна настава по ликовно образование

Теоретската и практичната работа по предметот ликовно образование се одвива во неколку ликовни подрачја и дисциплини: 1. ПЛОШНО ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ - ЦРТАЊЕ, СЛИКАЊЕ а/ вежби за запознавање на својствата и карактеристиките на цртачките материјали, б/ идејни скици со линии,форми и различни средства, в/ цртежи со разни содржини и корелации, г/ цртежи со разни мотиви, техничко-технолошки постапки и ликовни елементи и принципи, д/ цртежи - скици за дизајн, ѓ/ Ликовни творби со сликарски класични и некласични постапки и материјали при употреба на бои во различни сликарски техники, е/ цртежи и ликовни вежби за усогласување на мотивот и начинот на реализација- импресија,експресија,симболика,конвенционалност транскрипција,апстракција итн., со карактеристични уметници-претставници на овие сликарски правци. 2. ГРАФИЧКО ИЗРАЗУВАЊЕ, а/ Ликовна творба како вежба за совладување на основните претпоставки на графичка постапка, б/ Графички техники со битни својства на медиумот, в/ графички задачи-применета графика: илустрација, вињета, насловна страна, плакат и др. г/ познати графичари, домашни и странски. 3. ТРИДИМЕНЗИОНАЛНО СКУЛПТУРАЛНО ИЗРАЗУВАЊЕ а/ ликовни творби со карактеристична едноставност при техничката постапка и материјали од полна маса:глиномол,глина,гипс,кит,пена и сл.како и материјали од жична и лисната маса:картон,фолија,папир пластика,жица, канап и сл. б/ скулптурални творби со разни мотиви и структурална усогласност на ликовната идеја-керамопластика, теракота, в/ старежни скулптури и асамблажи- широк спектар на отпаден и рециклирачки материјал. 4. ЛИКОВЕН ИЗРАЗ КАКО ОДНЕСУВАЊЕ И ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ-АМБИЕНТОТ а/ Движења на телото со кои се означува доживувае на просторна димензија-хепенинг, б/ Интервенции во простор за промена на изразноста, в/ интервеенции во простор за хуманизирање на амбиентот. 5. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОШКИ МЕДИИ -фотографија,филм,видео,компјутер,Лцд и др.виѕуелни комуникации. 6. ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ, како барање и откривање креативни, оригинални иницијативи и поттикнувања содржани непосредно во самиот медиј на лликковно мислење и дизајнирање. Вреднувањето и оценувањето се врши по ликовни стандарди и критериуми според возраста и начините на восприемање и транспонирање.

No comments: