Monday, April 22, 2013

Ликовноста во секојдневниот живот

Каков би бил животот без ликовноста.Дали многу науки како медицината, физиката, хемијата, биологијата итн. би се развивале без постоење на цртежи. Како би комуницирале во сообраќајот, без сообраќајните знаци, како би комуницирале без визуелните кодови,симболи и знаци, кои користат ликовен јазик-боја, форма,линија,цртеж за да би можеле да ја разбереме пораката. Како би реконструирале историски и други настани без слики, графики и скулптури. Како би осознале географски простори без цртање скици,планови,картографски мапи и др.Како би ја знаеле верата и религијата без иконописот, фрескоживописот и калиграфијата. И на крајот, колку е пресуден за секојдневниот живот современиот модерен дизајн на производи од разни области, значајни за успех на пазарот и во животот. Затоа должни сме на идните генерации да им пружиме соодветно ликовно образование адекватно на времето во кое живеат, како би можеле во современиот свет да функционираат слободно, креативно и континуирано. Ликовната неписменост ја прави личноста осиромашена и нецелосна, а тоа секако не е цел на ликовната педагогија.

No comments: