Thursday, September 26, 2013

Собрание на ДЛУШ

Вчера, ДЛУШ го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое беа разгледани активностите во изминатиот период,подготовките за Традиционалната годишна изложба, а беше избрано и ново раководство по изминатиот мандат на претходното. ДЛУШ е сталешко ѕдружение на граѓани со цел афирмирање на ликовното творештво,презентирање на современото сликарство,графика и скулптура, како и заштита на професионалните интереси.Тоа досега има организирано голем број групни и самостојни изложби и веќе 46 години ги презентира на јавноста своите ликовни дострели, како во Штип, така и вон него: Пробиштип, Кочани, Куманово, Скопје,Струмица, Битола,Прилеп и др. Во неможност да ги сензибилизира носителите на јавни функции и да лобира кај протективни субјекти, ДЛУШ сега едвај опстојува.Нема своја анализа на ликовно-естетските и културните потреби, кадровската инфилтрација подолго време е во застој, бидејќи нема подмладок, дветретини од членовите се во поодминати години и пензионери, а развојните концепти без подршка од институции и поединци е неможна. Неедуцираноста на членството и раководството за дејствување во согласност со структурите за ротација,кредибилитет,дефинираност и вреднување во новите услови, ќе го доведат друштвото до маргините за опстанок и после половина век активност можно е целосно да згасне ако благовремено не се превземат соодветни чекори.

No comments: