Wednesday, January 20, 2010

Изреки на познати сликари

Цел ми беше секогаш да ги сликам човечките суштества како убаво овошје.
„Кога насликам задница и почувствувам како дека ќе ја потапкам, тогаш знам дека сликата сум ја завршил„.
„За мене сликата мора да биде пријатно нешто - весело и убаво, да убава„.
Огист Реноар
„Човекот најдобро го објаснува неговото дело„ - Пол Гоген
„Цртајте и отворено сликајте го она што го гледате... Се што е затворено умира. Слободата ја купив со цртање„ Тулуз Лотрек
„Природата треба да се набљудува како во сон„ - Алберт Орије
„Долго време се служам со судбоносниот молив. Дали нацртал нешто од трајна вредност? Тоа е грижа, тоа е прашање кое ме мачи,а уште не го знам одговорот„. - Одилон Редон
„Луѓето кои се обидуваат да ги објаснат сликите, обично лаат на погрешно дрво„.
„Секогаш кога имав нешто да кажам, го велев тоа на оној начин на кој чувствував дека тоа треба да биде речено„ Пикасо
„Ние двајца сме најголеми уметници на сите времиња-Вие во египетски стил-а јас во модерен„
Анри Русо на Пикасо.
„Не не збогатува светскиот
еклектизам, туку истрајноста на избраната работа и полн со љубов мирниот труд во текот на целиот живот.„ -Жорж Руо
„Сликата е секогаш доживување. Кога ќе започнам работа на бело платно, никогаш незнам како тоа ќе се заврши. Тоа е ризик кој мора да се превземе. Никогаш не ја замислувам сликата пред да почнам да ја сликам.- Тоа е творечка халуцинација.„
„Сетилата разобличуваат, а духот обликува. Усовршувајте го духот. Извесно е само она што го создал духот.„ - Жорж Брак
„ Сликите се наменети да пружат уживање.Она за што сонувам е уметност на рамнотежа,чистота и ведрина,лишена од предмети кои збунуваат.„ - Анри Матис

No comments: