Thursday, January 21, 2010

Карактеристики на современото сликарство

Изреката која често се употребува за уметноста: „Треба да се биде со своето време„иако е стара два века, актуелна е и денденес.Таа порачува дека уметникот мора да се интересира за луѓето, настаните, за политичката и моралната атмосфера на својата епоха,па значењето и забележувањето во тој случај ќе бидат од прва рака. Тоа е една од карактеристиките на најновото современо сликарство:-будна свест на секојдневни настани, внесување модерна техника во творечкиот процес, интермедијалност и интердисциплинарност, непризнавање граници и ограничување, туку апсолутна слобода на ликовно изразување на доживеаното, размислуваното,почувствуваното или планираното. Со еден збор надминување на елитизмот и елитните уметнички дела.

No comments: