Monday, March 15, 2010

Урбан арт-графити

Во денешно време графитите ги има на секаде и секакви: смешни и грди, вешти и невешти,необични,љубовни ,политички итн.Ги забележуваме и различно реагираме на истите.Тие се одраз на времето во кое живееме и се еден вид урбана уметност, со која се изразува револт или реакција на некоја негативна појава , или коментар на некое збиднување, или пак се дава јавност на она што се чувствува кон некого или нешто. Авторите најчесто се млади луге кои на овој начин го изразуваат својот став кон општеството и околината. Овие записи воглавно се грда слика по зидовите,фасадите и кукните влезови. Инаку значењето на зборот графити потекнува од grapho, грчки збор што значи пишувам или италијански grafitto - украсува зидови /во уметноста зграфито е зидна декоративна сликарска техника /.Доколку се сака графитите да имаат извесна естетска димензија и да послужат како визуелна комуникација пожелно би било да се на одредено препознатливо и карактеристично место кое ке биде одредено од локалните власти.

No comments: